Јоханес Хан: Политичката клима во Албанија е тензична

Од:

Еврокомесарот за соседска политика и проширувње, Јоханес Хан, кој од вчера попладне престојува во двондевна посета на Тирана, оцени дека политичката клима во земјата е тензична, јави дописникот на МИА.

– Политичката клима е тензична и се надевам дека сите ќе се ангажираат за надминување на тензиите, бидејќи во чекорењето на земјата кон ЕУ значајно е постоење на една позитивна клима, изјави Хан.

По пристигнувањето во Тирана, Хан синоќа придружуван од министрката за евроинтеграциоја Кладја Ѓоша, наравил обиколка на градот и ги посети на Националниот музеј и џамијата „Етхем Бег“, по што, како што објавија албенските медиуми, искажал воодушевување од позитивната урбана промена на градот.

Во текот на денов Хан ќе има средби со албанскиот претседател Бујар Нишани, првиот човек на Парламентот, Илир Мета, со премиерот Еди Рама и лидерот на најголемата опизицска политичка сила, Демократската партија и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша. Предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата и граѓанскиот сектор.

Тој заедно со премиерот Рама ќе го предводат дијалогот на високо ниво околу петте приоритети за членство на Албанија во ЕУ.

Инаку, амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, гостувајќи во емисија во тиранската телевизија „Ора њуз“, им порача на албанските политичари дека „никој не може да и наштети на Албанија повеќе од самите Албанци“.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја