Анкета: Опаѓа се повеќе популарноста на Дилма Русеф

Од:

Популарноста на бразилскиот претседател Дилма Русеф продолжува да опаѓа – 64,8 отсто од Бразилците не го одобруваат начинот на кој таа управува со државата, се вели во анкета на агенцијата МДА. Само 10,8 отсто сметаат дека таа раководи во вистинска насока со државата.

Анкетата ја потврди тенденцијата од претходни анкети според кои рејтингот на Русеф опаѓа заради огромниот корупциски скандал со државната нафтена компанија Петробрас и економијата во државата.

Во претходната анкета на МДА во септември лани, Русеф имаше поддршка од 41 отсто од испитаниците додека 23,5 отсто сметаа дека таа несоодветно управува со државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск