Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани денеска во Вашингтон им се заблагодари на американските војници на нивното жртвување во неговата земја.
Гани на церемонијата во Пентагон истакна дека Авганистан секогаш ќе го цени придонесот од 85.000 американски војници, кои беа распоредени во Авганистан по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година.
Предвидено е Гани утре во Белата куќа да се сретне со претседателот Барак Обама, кој треба да ги соопшти плановите да се забави планираното повлекување на американските војници од Авганистан, каде има 10.000 американски војници.
Администрацијата на Обама претхдно соопшти дека се откажува од плановите за намалување на бројот на американски војници во Авганистан до 5.500 до крајот на годината.
Конечна одлука за бројот на војници не е донесена, но се претпоставува дека е можно и следната година во Авганистан да бидат распоредени 9.800 американски војници.