Рама: Национално обединување преку ЕУ

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека со потпишаните договори меѓу Албанија и Косово потврдено е националното обединување преку Европската унија.

– Сакам да кажам дека ова претставува наше национално обединување преку ЕУ, изјави Рама на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Иса Мустафа во Тирана, по потпишувањето на 11 договори.

Договорите се однесуваат на безбедноста, на културата, на образованието и на земјоделството.

Рама истакна дека посебно значаен е договорот за заеднички образовен систем, што според него е основа за ангажирање на образовните институции да функционираат како „единствена сила на еден народ на патот кон европските интеграции“.

Албанскиот премиер најави заедничко отворање на Конзулат во Милано.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата