Општина Охрид ја разбира состојбата во која се наоѓаат вработените од АД ЕМО – Охрид

Од:

„Општина Охрид ја разбира и сочувствува со состојбата во која се наоѓаат вработените од АД ЕМО – Охрид.

Градоначалникот Никола Бакрачески во директни разговори со вработените , неколку пати до сега е запознаен со комплетната состојба и случувањата во ЕМО.

Напоменуваме  дека, сите контакти и средби  со странски инвеститори, со владини претставници и економски промотори  на земјава во странство, градоначалникот Никола Бакрачески ги користи за  укажување и решавање на состојбата на оваа компанија иако  локалната самоуправа нема директни надлежности  за решавање на состојбите во ЕМО. Градоначалникот Никола Бакрачески и Општина Охрид , иако немаат надлежности,   силно се залагаат  да помогнат во што поскоро решавање на проблемите во  оваа фирма.

Градоначалникот Бакрачески нема дадено ветување за ослободување  на  вработените  во АД ЕМО од плаќање на надоместоци кон Општина Охрид и јавните претпријатија. Тоа законски е неможно и неиздржано. Со вработените од ЕМО е разговарано единствено во насока на организирање состаноци со раководствата на јавните претпријатија  за изнаоѓање  најприфатливи начини за плаќање  на обврските, односно давање  помош во рамките на законот.

Потсетуваме дека, со цел да им помогне на луѓето  од социјален ризик, Општина Охрид  имаше објавено  јавен повик за субвенционирање на дел од комуналните трошоци кон јавните претпријатија во износ од 600 денари на месечна основа.

Иако  нема директни надлежности и ингеренции, градоначалникот Никола Бакрачески и понатака посветено ќе работи на решавање на проблемите  со кои се соочуваат вработените во АД ЕМО – Охрид“, се вели во соопштението на Општина Охрид, по протестот на вработените од АД ЕМО.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице