Наградата „Арт Феникс“ за најдобри ликовни дела на тема „Карневал“ ја делат Лилјана Стевановиќ од Белград и Милица Алимпиќ-Илиќ од Шабац (Србија), соопшти издавачката куќа „Феникс“.
Заедно со Фондацијата „Македонија презент“, „Феникс“ организираше конкурс на тема „Карневал“ во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, на кој пристигнале голем број ликовни дела.
– Во најтесна конкуренција за наградата „Арт Феникс“ беа и Јасмина Мима Васиљевиќ од Крагуевац и Наташа Маринковиќ од Белград, како и Ана Багрјана од Украина, информира „Феникс“.
Издавачот соопшти и дека до 15 април 2015 година може да се праќаат ликовни прилози на тема „Жена“ на Конкурсот за наградата „Арт Феникс“.