Три лица се затруле при чистење резервоар за гориво

Од:

Татко, син и нивен сосед, се затруле и паднале во бесознание при чистење на резервоар за гориво на бензинска пумпа во гостиварското село Чегране. Благодарение на брзата реакција, тие се извлечени и се надвор животна опасност, информираат од СВР Тетово.

Според СВР Тетово, вчеравечер околу 19 часот, на бензинската пумпа “Илирида-Дритан” во Чегране, сопственост на Ш.А. (57), неговиот син Г.А. (28) го отворил капакот од празниот метален резервоар за нафтени деривати и со скали сакал да се спушти во внатрешноста на резервоарот за да го исчисти. Набрзо, најверојатно од испарувањата загубил свест и паднал. За да му помогне, во резероварот влегол и таткото и тој се онесвестил, како и нивниот сосед Н.А.(51), кој во меѓувреме се обидел да ги извлече двајцата.

Случајот бил пријавен во полициската станица, а набрзо, полициски и службеници од Противпожарната единица Гостивар ги извлекле тројцата од резервоарот, по што со возило на брза помош, биле пренесени се во Гостиварската болница. По укажаната помош, тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Јавен обвинител, екипа од Полициската станица Гостивар и трудов инспектор извршиле увид и се преземаат активности за расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски