Американски шпиони работат во Швајцарија без страв дека ќе бидат откриени, бидејќи швајцарската разузнавачка служба иако е добро упатена и доста професионална, за нив не претставува никаква закана, изјави поранешниот советник на американската Национална безбедносна агенција НСА, Едвард Сноуден.
-Причината поради која Швајцарија е толку интересна како престолнина на шпионирање, не е сменета. Таа од секогаш е седиште на меѓународните организации, ОН, Светските трговски организации, СЗО, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, невладини организации– рече Сноуден во интервју за швајцарската „РТС“.
Тој се потсети на времето кога како агент работел во Женева и додаде дека Американците воопшто не стравуваат од швајцарските разузнавачи.
-Швајцарските служби не ги сметавме за закана. Тие се професионално и доста упатени но се малку на број – истакна Сноуден и направи споредба со француската разузнавачка служба, истакнувајќи при тоа дека ги почитувале француските агенти.
Во тек на интервјуто тој наведе примери и од операции на ЦИА поврзани со оружје за масовно уништување, додавајќи дека луѓето кои се „вмешани во ширење на нуклеарното оружје“ ги прекршувале законите во Швајцарија, Германија и соседните држави.
Е.Г.