Шест мажи се уапсени во Велика Британија после насилното влегување во синагога, што полицијата го опиша како антисемитистички инцидент.
Како што пренесува Би-Би-Си, полицијата соопштила дека уапсените во пијана состојба на напуштиле забавата која се одвивала во близина и тргнале кон синагогата на Стамфорд Хил, на северот на Лондон. Еден човек се обидел да ги запре, при што добил удар в лице.
Нападнатиот е пренесен во болница, но не е тешко повреден. Уапсените се приведени за нарушување на јавниот ред и напад, а полицијата соопшти дека еден од нив дал и антисемитистички коментар.
Извор: Мета