Јахјага: Националното обединување е идеа од минатиот век, наша цел е ЕУ

Од:

Косовската пртседателка, Атифете Јахјага, обединувањето со Албанија го гледа како идеа од минатиот век.Таа вели дека Косово сега единствено цели кон интеграцијата во ЕУ.

На прашањето од швајцарскиот весник “Tagblatt” околу тоа како гледа на отворено искажаната желба на многу млади Косовци за една голема албанска држава,во која ќе биде и Косово, Јахјага изјави дека земјата сега има други амбиции.

– Сега живееме во 21 век и не е време да се реализираат идеи од минатиот век. Целта на Косово и на сите негови жители е интеграција во ЕУ, изјави Јахјага.

Претседателката Јахјага при официјалната посета на Швајцарија за медиумите зборуваше и за масовната миграција на косовските граѓани ,како и за другите предизвици на новата држава. Таа призна дека е вистина оти последните месеци Косово има проблеми со нелегалната емиграција,но според неа тоа е не само проблем на Косово,туку на целиот регион.

-Причини за миграцијата,главно се економски карактер и нејасната перспектива на европска интеграција,но и тоа што одредени криминални кругови ја искористија манипулацијата со граѓаните како начин да профитираат од нив,изјави Јахјага.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска