Германскиот ски скокач Зеверин Фројнд е победник во Светскиот куп, откако по денешното натпреварување на леталницата „Планица“ во Словенија на крајот имаше ист број бодови со домашниот скокач Петр Превц, но повеќето победи во сезоната (девет наспроти трите на ривалот) му го донесоа трофејот.
Фројнд денешните летови ги заврши на седмото место, а Превц беше втор. Победи Словенецот Јуриј Тепеш.
26-годишниот Фројнд е третиот Германец кој го освоил Светскиот куп, после Мартин Шмит и Јенс Вајслог.
Конечен пласман во Светскиот куп:
1.Фројнд
1.729 бодови,
2.Превц
1.729,
3.Стефан
Крафт (Австрија) 1.578,…