Прва министерска средба на Јужна Кореја, Кина и Јапонија по три години

Од:

Министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Јапонија и Кина денеска во Сеул се сретнаа за првпат по три години и договорија заедничко обновување на трилатералниот годишен самит на лидерите на овие земји.

Во заедничко соопштение по средбата се објаснува дека тие ќе се потрудат за што е можно побрзо обновување на годишниот трилатерален самит, што од 2008 година се одржуваше редовно се до мај 2012 година, кога е прекинат, јави ТАСС.

– Тројцата министри за надворешни работи, во духот на фер гледање на историјата и движење напред во иднината, се договорија на соодветен начин да ги решат спорните прашања, да ги подобрат билатералните врски и зајакнат трилатералната соработка, изјави јужнокорејскиот министер Јун Бјунг-се на заедничка конференција за новинари.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ју изјави дека проблемите што се однесуваат на историјата не се проблем од минатото, туку од сегашноста.

Состаноците на министрите за надворешни работи на овие три азиски држави се прекинати поради историски и територијални спорови што потекнуваат од јапонската колонизација на Корејскиот Полуостров и инвазијата на Кина во првата половина на 20. век.

Антијапонските чувства во Јужна Кореја и Кина во изминатите години особено се зголемени поради тоа што луѓето во овие држави сметаат дека Јапонија се обидува да го прикрие своето крваво минато.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени