Левица и десница

Од:

Нови магазин – Белград

Интересно е да се види како националистичката десница ја поздрави победата на Сириза, можеби дури и со поголемо воодушевување од револуционерната левица. Зошто?

Во основа затоа што партиите кои немаат шанси да дојдат на власт во постоечките околности, вложуваат надеж во кризата и во овој случај во распад на ЕУ, бидејќи сметаат дека шансите им се зголемуваат во нестабилни и неизвесни околности кои би настанале, дури и ако не можат да видат од каде таа шанса точно би им се укажала. Во споредба со непостоечките изгледи на редовни избори да се дојде на власт, хаосот нуди поголеми шанси без оглед на ризиците.

Релативните шанси на десницата се поголеми од тие на левицата. Посебно ако би било неопходно да се штитат загрозените државни интереси, на пример редот и мирот, тоа секако би идело повеќе на рака на националистите, отколку на тие кои би се повикувале на класни интереси. Левицата уште повеќе би се оддалечила од власта, во споредба со какви-такви редовни демократски услови.

Демократијата е единствена надеж на тие кои живеат од работата и се надеваат на социјалното осигурување. Незадоволството од демократскиот начин на одлучување е разбирливо, бидејќи по природа на работите тоа бара компромиси, со што луѓето од левицата можат да имаат идеолошки проблеми, но незадоволството на националистичката десница е поголемо, бидејќи евентуален успех на едни избори не може да се одржи на идните, освен ако не се обезбеди некој степен на авторитарност. Но сепак, најголемиот извор на авторитарните движења и поддршката кон нив, не се социјалните проблеми, повторно од истата причина на одржливост. Ако дојдете на власт со ветување дека ќе ја промените распределбата на доходот, значи со некоја верзија на политика на Робин Худ, ќе се соочите со незадоволство и губење на власта на следните избори ако не сте во состојба да го исполните тоа ветување. На десницата работата е поинаква, бидејќи таа се потпира на судирите со другите земји или со еден или друг вид на надворешни и внатрешни непријатели. Постоењето на непријатели е начин да се оправата авторитарноста од еден или друг вид.

Во таа работа не помага Европската унија. Ова е поука за случајот на Сириза. Кога некако, главно можеше да се слушне од националистичките кругови, кога би дошло до вистински судир, до непријетелски преговори, меѓу Германија и Грција, договорот би бил невозможен, па тогаш Грција би ја напуштила европската монетарна унија, која тогаш би се распаднала, а со неа и самата Европска унија. И би се воспоставил систем на национални држави, во кој секако националистите можат да владеат било со победа на избори или на авторитарен начин.

Проблемот е во тоа што Европската унија, па ни еврозоната не функционираат така. Тоа е систем на соработка, каде се донесуваат одлули со усогласување на интересите. Секако, тој систем зависи и од почитувањето на преземените обврски, но не до точка кога може да се загрози самиот тој систем. Тоа важи не за ЕУ во целина, туку и за монетарната унија. Посебно што во неа независна улога има централната банка, која секако нема да работи така да доведе до распад на системот кој и е доверен. Резултатот од судирот на интересите, како во овој случај на кредиторите и должниците, може секако да биде и непостигнување на договор, па и распад на системот, но не се додека не се испитаат сите можности да се постигне договор. А тоа значи и да се уважат интересите на Грција и интересите на другите земји, па и на Германија.

Ако работите се гледаат така, не е тешко да се види ни зошто грчките гласачи не се подготвени да дадат мандат на партии кои би ја извадиле земјата од моментарната и посебно од политичката унија и зошто водството на Сириза беше подготвено да бара договор и да направи отстапки. Клучна причина е таа што во тој систем на кооперација некои интереси на Грција и Сириза мора да се уважат. Бидејќи, да повторам, односите на непријателства се исклучени, независно од тоа колку жестоко се расправало и колку силно се изразувало незадоволство од ставовите на другите.

Зошто грчките гласачи не сакаат да го вратат својот суверенитет во облик кој им го нудат националистите? Затоа што не можат да веруваат дека ќе се одржи демократски начин на одлучување и се плашат од враќање во состојба на непријателство, како од надвор така и внатре, во кое поголеми шанси имаат моќните и богатите, а помали слабите и сиромашните. Ова е до толку поучно што грчкото стопанство плати огромна цена во последните 5-6 години. Целта е таа да не се зголемува, а не со дезинтеграција и со внатрешен хаос да се плати уште поголема цена.

Освен тоа, грчките преговарачи не пропаднаа така лошо како што сметаат тие кои се надеваа на националистичка или на некоја друга револуција. Солвентноста на земјата ќе се зачува, а ќе се спроведат и одредени социјални програми. Ако, покрај тоа, дојде до значително намалување на корупцијата и до прогресивно даночење, тоа никако не е малку. А останува и понатаму на сила системот на четири слободи кои за граѓаните на земјата која има толку долга традиција на емиграција и туристичко стопанство не се никако неважни.

Во тоа е разликата околу тоа како левицата и десницата ја гледаат Европската (политичка и монетарна) унија. Левицата нема на што да се надева од враќање на национализмот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен