Тодоров во посета на жариштето на епидемијата на туларемија во Каратманово

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров заедно со епидемиолози, претставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје Велес надлежен за оваа територија.

Институтот за јавно здравје, денеска го посети село Каратманово, општина Лозово, каде е прогласена епидемија на туларемија на локално ниво.

– Беше извршена дератизација, хлорирање на водата, забрана за користење на водата, обезбедена е цистерна што ќе доаѓа да ги снабдува луѓето во селото со вода. Ова со водата го правиме превентивно оти знаеме дека причина за епидемијата не е во изворот на вода, но превентивно за причината за епидемијата да не стане водата. Тогаш нема да има вакви бројки како сега, двајца тројца заболени, туку ќе имаме 30, 40, 50 и поголеми бројки. За тоа да се анулира како несакана состојба се прави оваа превентивна мерка, изјави Тодоров.

Посочи дека им се дадени совети на луѓето како да се однесуваат, неопходно е што побрзо да се исчистат дворовите и улиците од ѓубре, да се води сметка за личната хигиена.

– Договоривме со директорот на ЈП за комунална дејност, наместо два пати во денот да доаѓаат секој ден во наредната недела и заедно со луѓето од ова населено место да помогнат во чистење оти бактеријата најмногу се пренесува преку глодарите кои што наоѓаат храна од остатоците кои што ги има во дворовите или храната што ја чуваат во домаќинствата. Треба да се води сметка и за личната хигиена, водејќи сметка дека ова заболување не се пренесува од човек на човек, туку преку животно, потенцира Тодоров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека пред неколку месеци жителите во изворот нашле глувци и змии.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски