Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, до средбата на врвот на ЕУ во јуни, треба да подготви план за противдејствување на „дезинформациите“ што Русија ги лиферува за ситуацијата во Украина, изјави претседателот на Советот Доналд Туск, цитиран од ТАСС.
-Ја подвлековме неопходноста да се упати предизвик кон натамошната руска кампања за дезинформирање на јавноста за конфликтот во Украина. Високиот претставник (за заедничка надворешна политика и безбедност) до јунската средба на врвот на ЕУ ќе подготви план за дејствување врз стратегичките комуникации, рече Туск.