Професорите, особено директорите се закануваа дека секој што ќе излезе на марш ќе биде казнет, ќе има укор, нема да присуствува на средношколските забави и слично. Поединци, членови на пленумот беа повикувани во директорските канцеларии, беа испрашувани и притискани да ги кажат имиња на сите ученици кои ја започнале иницијативата, велат од Средношколски Пленум Велес.
Во едно од стручните училишта, ОСУ „Јовче Тесличков“, директорката Нада Јованова се повика на екстремности и ги заклучи училишните врати, не дозволувајќи им на стотина ученици да испаднат на марш.
Средношколците беа принудени да се префрлаат од прозорци и порти. Дваесетина од нив успеаа да се ослободат, додека обезбедувањето брзо реагираше и ги спречи останатите во намерата.