Штипските средношколци денеска не го одржаа најавениот протест против екстерното тестирање и реформите во средното образование, бидејќи според тврдењата на дел триесетината средношколци кои сепак се собраа, некој телефонски се јавил и кажал дека се одложуваат протестите во сите градови.
Учениците беа збунети и не знаеја точно да кажат кој им ја протурил информацијата.
Триесетината средношколци кои сепак се собраа, го искажаа својот став дека се против наметнатите реформи во матурата, кои им го ограничуваат изборот.
Извор: Мета