Повотрно протест на опозицијата во Тирана

Од:

Албанската опозиција, предводена од демократската партија денеска одржа мирен протест пред зградата на парламентот во Тирана.

Учесниците на протестот најпрво го блокираа влезот на парламентот, па пратениците, за да може да учествуваат на пленарна седница, мораа да влезат од споредните влезови.

На протестот, под мотото „Мета оди си“ учесниците побараа под итно да си замине од функцијата претседателот на парламентиот Илир Мета поради, како што истакаа вмешаност во случајот „Доши“.

Опозицијата најави дека вакви протести ќе одржува секој четврток се додека Мета не си даде оставка, поради вмешаност во криминал, но и да не влијае врз судскиот процес против него, како обвинет за организирање убиство на пратеникот Том Доши.

Во врска со случајот Доши во овбвинителството изминатите денови, освен Доши и Мета изјави дадоа и лидерот на социјалистите и актуелен премиер Еди Рама, како и поранешниот лидер на демократите и екс премиер Сали Бериша. Мета негира било каква вмешаност во случајот кого го смета за исмислена работа на опозицијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата