Најдолгата културна ноќ во главниот град и оваа година имаше богата програма. Организатор беше Младинскиот културен центар, а Град Скопје за неа одвои 3,5 милиони денари.
„Бела ноќ“ на скопјани им понуди разновидни содржини на плоштадот „Македонија“, во Музејот на Град Скопје, Дом на АРМ (Галерија ДЛУМ), Старата скопска чаршија, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Кината „Милениум“ и „Фросина“, Градски парк, Универзална сала, Библиотеката „Браќа Миладиновци“, Зоолошка градина, Галеерија КО-РА, Школка (Градски парк), Градскиот трговски центар, Стоковната куќа Мост, Градската плажа Камен мост и Спомен-куќата на Мајка Тереза.