Матурантите и средношколците, масовно маршираат по улиците на Скопје и се движат кон Министерството за образование и наука.
Тие скандираат „Сакаме избор“ и „Доста беше молк“. Дел од пораките на транспарентите гласат „Стоп за лошите реформи“, „Не за новиот концепт за државна матура“, „Ќе паднам матура заедно со системот“, „Мамо зошто не ме роди година порано“.
На раскрсниците ги пречекуваат нивните соученици од разни средни училишта и им се придружуваат во барањето да се стопираат, како што велат, лошите реформи во образованието.
Учениците се жалат дека имале големи притисоци за да не излегуваат на маршот. Во средното училиште „Арсениј Јовков“ ги заклучувале учениците за да не доаѓаат на протестот.
Во „Јосип Броз Тито“ се правеле списоци на оние кои излегуваат на маршот и им рекле дека ќе им напишат неоправдани изостаноци.