Мини самит за Грција во Брисел

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва во Брисел ќе има заедничка средба со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и други функционери од ЕУ.

– На барање на премиерот Ципрас, претседателот на ЕУ Доналд Туск ќе свика состанок посветен на Грција, по одржувањето на Европскиот совет, на кој ќе учествуваат канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франсоа Оланд, изјави портпаролот на Туск.

На состанокот, кој ќе се одржи на маргините на самитот на ЕУ, ќе учествуваат и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, директорот на Европската централна банка Марио Драги и шефот на Еврогрупата Јероен Дијселблоем.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица