Грција ќе биде под мониторинг на Советот на Европа од 2016 година

Од:

Комисијата за следење на обврските на земјите-членки на Советот на Европа, започнува со спроведувањето на новата мониторинг процедура.

Со неа повеќе нема да се прават разлики меѓу нови и стари членки, односно сите 47 земји-членки на Советот на Европа отсега се на исто ниво, со цел високите стандарди на оваа најстара паневропска органзиација, како што е почитувањето на човековите права, во што се подразбираат и тие на малцинствата, да бидат на исто ниво, јави дописникот на МИА од Париз.

За реформата на мониторинг постапката објаснување за МИА даде Стефан Шенах, претседател на Мониторинг комисијата при ПССЕ.

– Минатата година одлучивме дека ни е потребен нов начин на работа на Мониторинг комитетот бидејќи не смее да има две класи на мониторинг, оние земји-членки кои се под мониторинг и оние земји – членки кои не се под мониторинг. И затоа ние одлучивме да најдеме нов систем на мониторинг. Една страна од мониторингот ќе е тематски, кој го преземаме секоја година за земји-членки и јас се одлучив за Андора, Белгија, Кипар и Хрватска. Оваа група е под мониторинг оваа година и мониторингот ќе биде на различни начини. Ние можеме да направиме тематски мониторинг, како на пример за овие четири земји за правата на Ромите, потоа за најзначајните точки во рамки на владеење на правото, правата на малцинството итн. Немаме две класи на општества под мониторниг и сите земји членки можат да бидат под мониторинг. Земјите членки ќе бидат под рестриктивен цензус на мониторинг, вели Шенах.

Тој потврди дека е одлучено идната година, да биде отвроена мониторинг постапка и за Грција.

– Во 2016 година ќе бидат мојата земја Австрија, Естонија, Грција и уште една земја, но тоа нема да биде Франција. Франција сега е под тематски мониторинг, додава Шенах.

Македонскиот пратеник Александар Николоски, кој е истровремено и заменик претседател на Мониторинг комисијата на ПССЕ, беше еден од иницијаторите на реформата и посебно во делот за барање на отворање на мониторинг постапка за Грција.

– Реформата на мониторингот конечно го даде својот резултат, имено по скоро двегодишни напори за да се реформира мониторинг постапката и да нема, т.н. „привилегирани земји“ кои се членки на Советот на Европа, а немаат обврска да ги исполнуваат стандардите, а тоа се 33 земји, се постигна договор за отворање на мониторинг кон сите земји. На моја иницијатива веќе следната година, во 2016, во официјален документ кој го усвои Мониторинг комисијата на ПССЕ Грција ќе биде ставена под мониторинг во делот на почитувањето на човековите и малцинските права, владеењето на правото и демократијата, вели Николоски.

Според шеф на македонската парламентарна делегација при ПССЕ, овај мониторинг ќе биде можност за Грција да покаже што направила во однос на почитувањето на стандардите на Советот на Европа.

– Сметам дека ова е голем успех, бидејќи прв пат се отвораат овие прашања во Грција. Во истовремем тоа е и шанса за Грција да покаже што направила и истовремено да преземе обврски и да ги резлизира за да можат сите граѓани во Грција да ги чувствуваат своите права на еднаков начин, односно да можат да се изразат на еднаков начин и религиозно и културно, и јазички и етнички, додаде Николовски.

Накратко, сега сите земјичленки на Советот на Европа се на исто ниво и повеќе не ќе може да важи еден од стандардите на Советот на Европа само за новите земји членки, оние кои станале членки по паѓањето на комунистичкиот систем, додека за т.н. стари демократии тие исти стандарди да не важат.

Оваа одлука на ПССЕ, доаѓа во период кога во многу стари земји членки се забележува подем и изборни успеси на екстремистички движења и партии и отвроена нетолеранција кон сите оние кои не се со исто етничко потекло како мнозинството.

ПССЕ пред неколку години веќе имаше изработено еден детален извештај за ситуацијата со македонското малцинство во Грција, кој сигурно може да послужи како појдовна точка за мониторинг процедурата кон Атина.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица