Неколку стотици средношколци излегоа на протестен марш во Неготино против новиот концепт на полагање на државната матура и екстерното тестирање.
Учениците се жалат на притисоци од страна на професори кои, како што велат, им забрануваат да одат на протестот и ги убедуваат дека ова не е начин на решавање на проблемот.
Средношколците велат дека нема да се откажат од своите барања и најавуваат дека протестите ќе продолжат.