Тело во распаѓање пронајдено во атарот на струшко Драслајца

Од:

Безживотно тело на човек било пронајдено вчера во непосредна близина на струшкото село Драслајца.

Телото било пронајдено околу 17 часот, во месноста викана „Дупки“ покрај реката Сатеска.

– Увидот беше извршен во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од струшката полиција и СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител, безживотното тело е испратено на обдукција  во Судска медицина во Скопје со цел да се утврди идентитетот, информира портпарлот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Телото кое било во фаза на распаѓање го забележал случаен минувач по што веднаш ја известил полицијата.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он