Европол формира специјален тим за борба против илегалната имиграција

Од:

Европската полициска агенција – Европол соопшти дека формира експертски тим за борба против илегалната имиграција преку Средоземно Море, поради нестабилната ситуација во Либија.

Единицата, наречена „Здружен оперативен тим Маре“, ќе користи разузнавачки ресурси од Европол и земјите од ЕУ, за да се справува со организираните криминални групи, кои често пати се занимаваат и со шверц на оружје, дрога и со тероризам.

– Имаме потреба од подобра мрежа за размена на разузнавачки информации, со цел да можеме да разбиваме криумчарење пред да заминат мигрантите, објасни директорот на Европол, Роб Вејнрајт.

Тој нагласи дека тимот ќе биде стациониран во комплексот на Европол во Хаг и ќе помогне за создавање мрежа за размена на податоци, со цел „да се состават сите делови од мозаикот и да се дејствува директно“.

Единицата ќе биде составена од експерти од 13 европски држави, меѓу кои Франција, Германија и Италија.

– Задачата е тешка, ситуацијата во Северна Африка е многу нестабилна, а во Либија на пример е многу тешко да се воспостават врски на ниво на безбедносни сили, истакна Вејнрајт.

Околу 220.000 имигранти минатата година го преминаа Средоземно Море, најчесто во нехумани услови. Над 3.000 лица загинаа во 2014 година во обид по морски пат да стигна до Европа, а само од почетокот на оваа година тој број изнесува веќе 1.000.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“