(ВИДЕО) Ангелов: Зврлевски мора да си замине, утре протести на пладне

Од:

Пред Јавното обвинителство и вечерва беше побарана оставка на јавниот обвинител Марко Зврлевски, а протест е закажан и утре на пладне и секој ден се додека не замине.

– Од Јавното обвинителство побаравме да ни кажат врз основа на која нивна одлука се заснова соопштението што го испратиле до средствата за јавно информирање, а со кое забраниле објавување на снимките од опозицијата. Имам инфорамција дека таква одлука не постои, дека соопштението е пуштено на црно, а за тоа се лежи во затвор.

Ќе се научат на ред, а не на безредие. Тоа е неуставна и незаконска одлука на обвинителот, доколку воопшто таква постои. Се што е излезено во јавност, не е тајна. Тие ја тераат телевизијата да го штити овој режим, зошто знаат дека кога ќе падне МРТ, сите граѓани ќе ја слушнат вистината за Македонија. Сите македонски граѓани ќе се кренат и на клоци ќе ги избркаат, зошто се работи за педесетина узурпатори на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

Сите македонски граѓани да дојдат и со љубов да го избркаме овој режим, нема никакво насилство да дозволиме. На плоштадите на Република Македонија ќе излезат стотина илјади граѓани, а тогаш режимот сам ќе си оди. Тогаш нема да има потреба од агресија, сами ќе си заминат, рече Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

Дојдете утре во 12 на пладне, Зврлевски повторно ќе бега преку подруми, и нема да му дозволиме да се врати. Без жртви нема револуции. Жртвата која ја барам е секој да одвои само еден час време, не сакаме тепање, не сакаме рушење, само да им покажеме дека не ги сакаме, и да им порачаме да си одат, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ