А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕК: Го примивме барањето од јавниот обвинител

by А1он17/03/2015 - 15:0517/03/2015 - 15:05164
Share0

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска во име на неформалната Влада на Европската унија потврди дека официјален Брисел ја примил поканата на македонскиот јавен обвинител за испраќање меѓународни набљудувачи за судскиот случај “Пуч”, во кој меѓу обвинетите за соработка со странска служба е и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, гласноговорничката на Комисијата исто така потврди дека политичките групи во Европскиот парламент, до крајот на овој месец, ќе формираат група која ќе има цел да дојде во Македонија и да се обиде да ги помири најголемите политички партии во земјата.

– Да, можам да потврдам дека добивме „покана” испратена од страна на јавниот обвинител. Но, исто така, можам да кажам дека комесарот Хан истото ова го кажа во Европскиот парламент минатата недела, дека секоја иницијатива преземенa од страна на групите на европските политички партии и индивидуални членови на Европскиот парламент да се помогне да се надмине кризата и ја поздравуваме нивната подготвеност за повеќе да се ангажираат, посочи портпаролката на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Во овој контекст, според Коцијанчич, „Комисијата разбра дека првиот состанок на работната група од Европарламентот треба да се одржи со претставници на партиите пред крајот на месецот и Комисијата ќе работи во тесна соработка со членовите на Европскиот парламент во овој поглед“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Но, говорејќи генерално, политичката обврска останува, сепак, на партиите во Македонија да покажат одговорност и да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на сегашниот ќорсокак и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и сите нејзини граѓани, децидна е Коцијанчич.

На дополнителното прашање на дописникот на МИА од Брисел, дали ЕК ќе испрати правни експерти за да го набљудуваат судскиот процес за случајот “Пуч”, портпаролката на Комисија не даде конкретен одговор.

– Само потврдувам дека примивме писмо, барање од јавниот обвинител, но исто така ја објаснив и позицијата на Европската комисија. Ова е тоа што можам да го кажам за ова прашање, рече Коцијанчич.

eu

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео