Македонската ракометна репрезентативка Елена Ѓорѓиевска останува уште една година во романската екипа Баја Маре.
Ѓорѓиевска, го продолжи договорот со тимот на Баја Маре за уште една сезона и ќе остане во романскиот „дрим-тим„ и следната сезона.
Иако имаше шпекулации дека ќе ја напушти Романија, сепак десниот бек денеска и официјално го стави потписот на новиот едногодишниот договор.
Иако Ѓорѓиевска не добива голема минутажа од новиот тренер Тоне Тисељ, сепак таа реши да остане во романскиот клуб, во кој за поголема минутажа на десната бековска позиција ќе се бори со Русинката Екатерина Давиденко и Мелинда Гајгер.