(ВИДЕО) СДСМ Струмица: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се само инструмент во рацете на Груевски

Од:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не го слушна вчера ставот на СДСМ за непризнавање на изборниот процес, за вчера да ја напуштат седницата на Советот на општина Струмица.

Тој став СДСМ го соопшти пред една година, 27 април 2014 година, во моментот на затворање на изборачките места.

Вчерашниот потег на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да го напушти Советот, го цениме како дел од сценариото на Никола Груевски за продабочување на политичката криза, што всушност Груевски и го најави во вчерашниот говор“, рече на денешната прес конференција Костадин Костадинов, СДСМ Струмица.

„Никако поинаку не може да се протолкува напуштањето на седницата на Советот од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа токму во момент на значајни точки на дневниот ред, завршната сметка на Буџетот и Извештајот за работата на општината за 2014 година како и извештаите за работата на јавните претпријатија и институции во општина Струмица.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите знаат дека градоначалникот Зоран Заев работи професионално, како градоначалник на сите граѓани во Струмица. Во декември минатата година, кога се носеше Буџетот на општината за оваа 2015 година, од предложените 192 проекта на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот Заев, како овластен предлагач на Буџетот, прифати дури 134 предлог проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Останатите 58, дел не беа во надлежност на општината или веќе беа вградени во развојните планови на општината“, рече Костадинов.

„Остро се спротивставуваме на сценариото на Груевски, што почна да го реализира од Струмица, во обид да ја спаси сопствената кожа и на неколкумина негови најблиски соработници, со коишто ги правел криминалите и изборните фалсификати.

Се надевме дека нашите колеги советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатат дека се само инструмент во рацете на Никола Груевски, кој се обидува да владее со диктат, закани и уцени за лични цели и дека ќе ја преиспитаат нивната одлука“, изјави Костадин Костадинов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ лично мене и ВМРО-ДПМНЕ не следеле со дронови

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира

Галетановски назначен за претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје

СДСМ бара директорот на АНБ да одговара за сертификат по англиски јазик пред пратениците од матичната комисија

Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, зошто МВР нема поднесено пријава реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?