Мажите трошат повеќе калории од жените дури и пред ТВ

Од:

Жените согоруваат многу помалку калории седејќи пред телевизор во однос на мажите, покажуваат резултатите од најново истражување.

Докторите кои мереле колку енергија трошат луѓето во текот на секојдневните активности, откриле големи разлики меѓу трошењето калории кај мажите и кај жените.

Три двојки кои учествувале во истражувањето јаделе одброк од 600 калории, а потоа добиле различни задачи: едночасовно вежбање во фитнес центар, три часа чистење и лежење на кревет. Потоа била измерена потрошената енергија.

Мажот кој лежел и гледал ТВ потрошил 640 калории на својата „активност“, а неговата партнерка само 292 калории.

Жените согоруваат помалку калории од мажите бидејќи имаат помала мускулна и вкупна маса.

Со истражувањето, исто така, е докажано дека лесните домашни работи трошат речиси еднакво многу калории како и сериозното вежбање, поради што луѓето обично се чувствуваат умор по чистењето.

Мажите, исто така, трошат повеќе калории од жените во фитнес центар, главно поради тоа што креваат поголема тежина.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он