„Гран При“ награда на „Мал битолски Монмартр“ за ученици од Малезија

Од:

Учениците од ликовното студио “Yeow Chue” од Малезија се годинешни добитиници на највиското признание, наградата „Гран При“ на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Наградата за најуспешните млади ликовни творци ќе се додели на 24. мај во Битола кога почнува 34-то издание на светски познатата ликовна колонија за деца „Мал битолски Монмартр“.

– Оваа година на меѓународниот ликовен конкурс учествуваа 305 училишта со вкупно 11.770 цртежи од 31 држава во светот. Меѓународното стручно жири одлучи наградата „Гран При“ да им се додели на учениците од ликовното студио “Yeow Chue” од Малезија кои веќе потврдија дека ќе дојдат на 24. мај на свеченото отворање на колонијата и ќе престојуваат во Битола. Освен децата од Малезија, наградени се и ученици од Кина, Украина, Тајланд, Чешка, Индонезија, Египет, Словачка и други држави,соопшти раководителот и организатор на манифестацијата, Коста Хаџиантоновски.

Со одлука на меѓународното стручно жири 28 ученици освоија „златна четка“, 140 „златна палета“, 249 ученици дипломи за поединечни остварувања. На меѓународната изложба „Битола 2015“ ќе бидат презентирани 670 творби.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска