Тешка сообраќајна несреќа синоќа во селото Чешиново, кога 21 пред ОУ„Боро Спанчевски“. Љ.З.(1958) од Чешиново управувајќи го своето возило „Застава 101“ со штипски регистерски ознаки, удрил во пешаците Ленче М. (1957) и Р.М.(1957), двете од с.Чешиново.
Во незгодата Ленче се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон скопската Клиника, починала. Нејзината пријателка исто така со телесни повреди и е задржана на лекување во Кочани.
Полицијата направила увид, а кај возачот се утврдени 2,96 промили алкохол во крвта. Телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.