Душебаев во идеалните седум

Од:

Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев со прикажаната игра во Плок против Висла и десетте постигнати голови се избори за место во идеалната седморка на ЕХФ за првите осминафинални дуели од ракометната Лига на шампиони.

Во идеалниот тим на ЕХФ се:

голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона),

лево крило: Иван Никчевиќ (Висла),

лев бек: Момир Илиќ (Веспрем),

пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем),

среден бек: Микел Хансен (ПСЖ),

десен бек: Алекс Душебаев (Вардар),

десно крило: Никлас Екберг (Кил).

Двојна интервенција на голманот на Вардар, Арпад Штербик е прогласена за втора најдобра одбрана оваа рунда.

Во категоријата ТОП 5 најубави голови, Тимур Дибиров го освои второто место.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар