Десетици илјади лица вчера присуствуваа на протести во над 50 градови во Бразил, од кои беше испратено барање за отпочнување постапка за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф.
Учесниците на протестите, кои минаа мирно, ја обвинуваат Русеф дека е одговорна за корупцијата во власта. На собирите беа носени транспаретни со натписи: „Импичмент за Русеф“ и „Корупција: Уште колку долго ќе останет тука“.
На некои од протестите беа упатени и повици до Армијата на Бразил да изврши воен удар и да ја смени Владата.
Опозицијата ја обвинува Русеф, која својот втор претседателски мандат го започна во јануари годинава, дека е одговорна за застојот во бразилската еконмија, за растот на цените на енергенсите и за повеќе корупциски скандали.
Вчера во Бразил се одбележа 30-годишнината од обновата на демократијата по дводецениската воена диктатура.