Најмалку 51 лице загинаа кога туристички автобус излетал во амбис длабок 400 метри во близина на градот Кампо Алегре во јужниот дел на Бразил, соопшти денеска бразилската полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека бројот на жртвите „драматично расте“, при што се додава дека засега не е познато колку патници имало во автобусот.
Организаторот на патувањето официјално тврди дека во автобусот имало 50 патници, но полицијата претпоставува дека вистнската бројка на лица што се наоѓале во возилото во време на несреќата била многу поголема.
Шефот на локалната полиција Нелсон Коељо изјави дека „по падините на амбисот и во остатоците од автобусот има заглавени луѓе“, но дека се многу мали шансите оти некој од нив ќе преживее.
Автобусот излетал од патот на само 10 километри пред неговата крајна цел, гардот Жуинвил во јужната бразилска држава Санта Катерина.
Засега не се познати причините на несреќата, ни според очевидци на настанот, возачот изгубил контола над автобусот на кривулестиот планински пат, по што тој излетал во амбисот.