„Политичка комуникација и организација на современа народна партија“

Од:

Во организација на институтот „Павел Шатев“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, а во соработка со Фондацијата „Едуардо Фрај“ од Холандија, денеска во Скопје се одржува четвртото продолжение од Политичката академија 2012, насловена како „Политичка комуникација и организација на современа народна партија“.

„Кога донесовме одлука партиципацијата за студентите да биде иста за сите во висина од 200 евра во државна квота и 400 евра да изнесува во приватна квота, професорите застанаа против нас“, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров на четвртото продолжение од Политичката академија 2012.

„За што и да се определите гледајте тоа да ви е лична определба и да го работите од желба и да не ви биде наметнато. Работете многу чесно, посветено, вложувајте во себе и верувајте дека резултатите ќе ви се исплатат“, рече Коце Трајановски.

Ања Чимек од Фондацијата „Конрад Аденауер“ во своето обраќање истакна дека со овие академии се промовира официјалната партиска соработка, развојот и стабилизацијата на демократијата.

„За да се постигне почитување на демократските норми и појавување на моќни демократски партии кои ќе бидат привлечни за граѓаните кои сакаат да бидат активни, фокусот на нашата обука е едуцирање на членови на партиите со цел да им се  пренесат основите на репрезентативната демократија, како и основното знаење за јавната политика и за комуникациите“, изјави Чимек.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“