И Крива Паланка ја спроведе акцијата „Македонија без отпад“

Од:

Во општината Крива Паланка денеска се спроведе акцијата „Македонија без отпад 2012“, организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и општината Крива Паланка.

Учествуваа локалната самоуправа, воспитно-образовните општински институции ООУ „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, СОУ „Ѓорче Петров“, ЈКП „Комуналец“, подрачните одделенија за заштита и спасување и управување со кризи и заинтересирани граѓани.

Акцијата се одвиваше на повеќе пунктови во општината, кои ги селектираше стручна екипа од надлежните општински органи. Имаше расчистување во село Мождивњак, населбите Цонев Рид и Единство, мотел „Македонија“ и по должина на пешачката патека низ Бабин Дол до манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“.

Се уредуваа и училишните дворови, а на повеќе пунктови се собра големо количество стара хартија која ја презеде „Медиа Принт Македонија-МПМ. Останатиот смет ЈКП „Комуналец“ го пренесе во депонијата во село Конопница.

Организаторите апелираа и во иднина почесто да се спроведуваат вакви акции за да се чува животната средина во општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он