– Припадниците на сириската војска во Алепо убија четворица турски државјани, кои се бореле во редовите на бунтовниците, јавија денес локалните медиуми.
Сириските сили во Бустан ал-Каср, на западот на земјата, уништија две возила со минофрлачи и седум патнички возила во кои имало бунтовници.
Меѓу нив, како што изјавија, имало четири турски државјани.
Турската војска и денес возврати на гранатирањето на нејзината територија од правец на Сирија.
Сириска граната утринава експлодирала во турското погранично село Гувечи во провинцијата Хатеј. Во нападот немало жртви.