Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Велес

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково, но не се задржува на коловозот, информира Автомотосојузот на Македонија.

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес после тунелите кај Башино Село, каде поради свлечиште возилата се движеа само по една коловозна лента во должина од 10 метри. Од обилните врнежи од снег се уште е непрооден локалниот пат од Кратово до село Каврак. Регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во село Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На патот Крупиште-Пробиштип кај село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он