Сtојанче Ангелов претседател на Достоинство, повторно пред влезот на МРТ побара да се пуштаат снимките од опозицијата и побара и средба со уредник на вестите.
Обезбедување на пријавницата му одговори дека таквото барање треба прво да помине низ архива, која за викенди не работи и го упати тоа да го направи од понеделник.
Ангелов праша и кој упадна во емисијата на радиото 103, но не доби одговор. Пред МРТ беше забележлибо поголемо присуство на полиција.
Тој повика утре за помасовен собир и поддршка од сите граѓани за ослободување на МРТ од цензурата и враќање на телевизијата како сервис на сите граѓани кои секој месец плаќаат за тоа.