Папа Франсис (78) кој деновиве изјави дека има чувство дека неговата функција ќе биде кратка и дека би бил подготвен да поднесе оставка како и неговиот претходник, наместо доживотно да биде поглавар на Римокатоличката црква, има желба да јаде пица во Рим и не сака никој да го препознае.
Тој верува дека „Господ го поставил тука на кратко“ и додава дека ја дели идејата на својот претходник Бенедикт 16, кој беше првиот поглавар на Рамокатоличката црква кој во последните 600 години поднел оставка.
-Генерално сметам дека Бенедикт тоа храбро го направи за да ги отвори вратата за пензионирање на папите. Бенедикт не би требало да го сметаме за исклучок, туку за институција – истакна папа Франсис и нагласи дека му недостасуваат деновите кога бил бискуп во Буенос Аирес, кога слободно се движел низ градот.
Е.Г.