Отстранет одронот на патот Крива Паланка – ГП „Деве Баир“

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира во утринскиот извештај за состојбата на патиштата Автомото сојузот на Македонија.

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, кај местото викано „Врлибрег“, кој поради одрон на камења и земја на патот беше во целосен прекин.

Поради обилни врнежи од снег локалниот пат од Кратово до село Каврак е непрооден. Регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во село Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На патниот правец Крупиште-Пробиштип кај село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
На патот Скопје – Велес после тунелите кај Башино Село поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. Поставена е соодветна патна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.Законската обврска за поседување зимската опрема во возилата е до утре.

Би можело да ве интересира

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар