Претседателот на Достионство, Стојанче Ангелов вечерва на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го искоментира денешниот говор на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска:
Денес Јанкулоска ги посети „Тигрите“. Без да ги погледне во очи, прошиша пред нив. Горде, толку ли ти беше тешко да погледнеш во нив? Изгледаат страшно, а?
Потоа, со цел памет им рече: „Затоа сакам да ви порачам, во 2001 година, патриоти бевте Вие и вашите претходници кои ги ризикуваа животите за Македонија, а не тие што ја конструираа аферата со прислушувањето!?“
Горде ма, свесна ли си што зборуваш? Каква врска имаат луѓето кои се бореа во 2001-та со твоите разговори?