За новиот модел „Koenigsegg Reger“ купувачите ќе чекаат и 1,5 година

Од:

Рокот за испораки на новиот шведски суперспортски автомобил од 1.500 кс ќе изнесува 18 месеци, а ако купувачот се одлучи за бојата по сопствен избор, ќе мора да почека уште дополнителни три месеци, изјавуваат од фирмата „Koenigseg“.

Еден од моделите што привлече најголемо внимание на посетителите на женевскиот авто-салон е хибридниот „Plug-In“ суперавтомобил !„Reger“, што за погон го користи 5.0-литарскиот V8 бензински мотор и три електромотори, со вкупна сила од „повеќе од 1.500 кс“.

Место класичниот преносен систем, со повеќе брзини, „Регер“ практично има само едностепен пренос, а прелиминарните тестови покажаа дека авомобилот од 0 до 100 километри на час стигнува за 2,8 секунди, додека за забрзување 150-250 километри на час се требни 3,2 секунди.

„Koenigsegg“ тврди дека моделот „Регер“ од состојба на мирување до 400 километри на час забрзува за неверојатни 20 секунди.

Шведската фирма планира да произведе 80 примероци. Секој автомобил ќе биде рачно изработен и ќе се продава по цена од околу 1,7 милиона евра, а во „Koenigsegg“ веруваат дека нема да имаат проблеми да ја распродадат целата серија.

Како што изјавуваат од компанијата, првите примероци се продадени однапред, така што тие им се јавиле на своите редовни клиенти и најавија дека во подготовка веќе им се новите модели.

Купувачите ги резервирале иако тогаш се уште не знаеле како автомобилот ќе изгледа, ниту пак им биле познати неговите техники карактеристики.

Ако сакаат нивниот автомобил да биде обоен во посебна боја, идните сопственици ќе мораат да доплатат дури 60.000 евра, а рокот на испораката се продолжуа за три месеци.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ