Уставниот суд дозволи шамии за муслиманските учителки

Од:

Уставниот суд на Германија донесе одлука да дозволи носење на марама со која се покрива главата доколку тоа не предизвикува прекин на училишните активности.

Според највисоката германска судска инстанца наставниците муслимани веќе не се соочуваат со забрана за носење на марами, одлука за која што се разгледува од 2003 година кога судот првично препорачал забрана за носење шамии.

Судиите на уставниот суд сместен во градот Карлсруе сега сметаат дека забраната е оправдана доколку носење на исламска марама води до „предизвикување конкретна опасност“ за пречки во училиштето или до „ неутралност на државата“.

Пресудата се очекува да предизвика ново продолжение на дебатата во Германија каде што живеат околу четири милиони муслимани и каде што десетици илјади луѓе беа дел од протести против „исламизација на Европа“.

ОД 2003 година неколку од 16 регионални покраини – држави кои што имаат ингеренции во образованието забранија носење на муслимански марами по тогашната одлука на Уставникот суд на Германија. Според судот секоја од регионалните држави треба да донесе свој закон за ова прашање во кој што Христијанските вредности не смеат да бидат во повластена позиција во однос на другите религии.

Втората највлијателна членка на ЕУ, Франција, каде што живеат околу шест милиони муслимани во 2004 година донесе забрана за носење на шамии или други религиозни симмболи во државните училишта.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски