Радио Ватикан информира денеска за опширното интервју на папата Франциско, дадено за мексиканската тв „Телевизија“, дадено на денот на втората годишнина од неговиот понтификат.
Главни теми беа миграцијата, шверцот со дрога, реформата на Римската курија (централниот управен апарат на Ватикан) и втората етапа на синодот на католичките епископи од целиот свет, посветен на проблемите на семејството и бракот.
Светиот отец одговори исто и на прашањето дали и папата, кој е епископ на Рим, не би требало да се повлече од одредена возраст, како што тоа задолжително го прават останатите епископи.
Франциско рече дека има чувство за кус понтификат, но додаде оти може и да греши. Според него понтификатот е „особена благодет“, поради што тој не прифаќа повлекување од функцијата.