Средношколците протестираат пред гимназијата „Орце Николов“

Од:

„Сакаме избор“, „Преку матурава“ извикуваат средношколците од повеќе скопски училишта кои со кренати транспаренти во рацете се собраа пред гимназијата „Орце Николов“, револтирани од последните реформите во средното образование.

3-1

Како што јавува Радио МОФ, поддршка на учениците им даваат и професорите, а присутни се ученици од училиштата „Здравко Цветковски“, „Ѓорѓи Димитров“, „Никола Карев“, но и „Јосип Броз Тито“.

11062986_597551767011766_1147994101_n

Протестниот марш тргна од градежно училиште „Здравко Цветковски“, за да продолжи како мирен собир пред гимназијата „Орце Николов“. Според најавите, денешниот марш треба да заврши во Градскиот парк.

 

Фото: Радио МОФ

 

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците