Мал раст на цените на нафтата

Од:

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа мал раст, откако беше најавен прекин на штрајкот на вработените во рефинериите во САД, кој доведе до поевтинување на енергенсот изминативе денови.

Американската „лесна“ нафта за испорака во април на електронските тргувања на Њујоршката берза поскапе за 12 центи на 47,18 долари за барел, додека цената на северноморскиот „брент“ во Лондон се зголеми за 16 центи на 57,24 долари за барел.

Амеиканската нафта вчера поевтини за 1,12 долари, а „бретот“ за 46 центи, откако беше објавено дека нафтените резерви на САД минатата недела достигнале рекордно максимално ниво за овој период од годината. Со ова продолжи неколкудневниот пад на цените на енергенсот предизвикан од штрајкот во американските рафинерии.

Меѓутоа, синоќа синдикатот УСВ, кој ги застапува интересите на околу 30.000 вработени во американскиот нафтен сектор, постигна договор со компанијата „Ројал Дач Шел“, со што е најавен прекин на штрајкот на работниците во рафинетиите во САД.

Во услови на максиламни нафтени резерви и штрајк на рафинериите, американската Агенција за енергетско информирање (ЕИА) излезе со нова прогноза за обемот на дневно производство на нафта за 2015 година. Во новата анализа, ЕИА ја зголеми прогнозата за дневно производство на нафта од 9,30 на 9,35 милиони барели.

Според аналиитчарот на сингапурската компанија „Филип Фјучерс“, Даниел Анг, ваквото предвидување на ЕИА значи дека цените на нафтата ќе останат ниски до крајот на годината.

Од јуни минатата година, па до крајот на јануари годинава, нафтата на светските берзи поевтини за околу 60 проценти како резултат на порастот на нафтените залихи, глобалната економска криза и високата вредноста на американскиот долар. Во февруари цените на енергенсот забележаа мало покачување, поради намалувањето на бројот на нафтени извори во САД, но аналитичарите сепак не очекуваат подрастично поскапување на нафтата во следниот период.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот