Актуелниот и поранешниот гувернер на Рио де Жанеиро обвинети за корупција

Од:

Бразилскиот Апелациски суд го одобри барањето на федералните обвинители да почнат истрага против поранешниот и против актуелниот гувернер на државата Рио де Жанеиро поради коропцискиот скандал со државната нафтена компанија „Петробраз“.

Судот одобри да бидат под истрага гувернерот Луис Песао и поранешниот гувернер Сержиу Кабрал, а под истрафа ќе биде и гувернерот на државата Акре, Тјау Виана.

Согласно бразилските закони, за гувернерите да бидат под истрага потребно е одобрениер од Виш апелациски суд.

Кабрал и Пасао се товарат дека земале околу 9,5 милиони долари поткуп за кампањата во 2010 година, за изградба на нафтенохемиски комплекс на „Петробраз“ во Рио де Жанеиро. Виана е обвинет дека земал околу 95.000 доалри за кампањата во Сенатот во 2010 година.

Тројцата демантираат дека се вмешани во корупција.

Минатата недела почна истрага против десетици конгресмении и поранешни претставници на извршната власт. Обвинителството тврди дека открила најголема корупциска шема во историјата на Бразил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск