Во Белград ќе биде одржана „Парада меѓу четири ѕидови“ наместо прошетката која полицијата ја заборани од безбедносни причини.
Како што е најавено „Парадата меѓу четири ѕидови“ ќе започне во 10 часот во белградскиот Медија центар, а се очекува поддршка и присуство на бројни познати личности.
Организаторите на Парадата, најавија дека поради одлуката на полицијата да ја забрани прошетката, ќе се обратат во Уставниот суд.
Членот на Одборот за организирање, Горан Милетиќ порача дека „Парадата не е циркус кој ќе исчезне од градот“ и истакна дека претставниците на ЛГБТ популацијата „се тука и ќе останат тука во наредните години“.
„Претставниците на власта погрешиле, ако мислат дека се уморивме и дека ќе се откажеме“, рече Милетиќ
Тој потсети дека Уставниот суд претходно ја прогласи за неуставна одлуката според која поради ризик не е дозволено одржување на Парадата на гордоста во 2009-та година и истакна дека ќе инсистира на реализација на таа одлука.
„Никој од нас не беше известен од постоење на енормни ризици по безбедноста, информациите кои ги добивавме говореа дека полицијата може да ја контролира ситуацијата“, додаде Милетиќ.
Парадата беше забранета во средата од безбедносни причини.